Општина Бутел: Доделени 57 стипендии за најуспешните ученици од основните училишта

Макфакс

12/06/2026

12:10

180

Големина на фонт

а а а

Во Општина Бутел беа доделени 57 стипендии на најуспешните ученици од основните училишта, во рамки на традиционалната локална иницијатива за наградување на талентираните ученици на македонски, албански и турски јазик.

Денес градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски додели 57 стипендии на најдобрите ученици од основните училишта, информираат од општината.

„Под мотото „Со срце учам, со знаење успевам” локалната самоуправа ја продолжи традицијата, за наградување на најуспешните ученици“.

Денес беа доделени стипендии во вредност од 12.000 денари, на 11 првенци на генерација, во три наставни јазици (македонски, албански и турски). На најдобрите ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение (во три наставни јазици) им беа доделени стипендии во вредност од 6.000 денари.

„Општина Бутел постојано вложува во образованието и промовира политики за поддршка на најдобри ученици“.