Џејми Варди направи големо изненадување пред една година кога реши да режира прв интернационален трансфер во кариерата, но многу брзо сфати дека тоа не е искуство кое ќе го памети по добро.
Иако даде се што имаше во себе бранејќи го дресот на Кремонезе, расниот голгетер не успеа да му помогне на тимот да опстане во елитата, а испаѓањето во понизок ранг значеше дека Џејми експресно се враќа во Англија.
Како што открива самиот, целото негово семејство се вратило во Велика Британија уште пред тој да ја заврши етата во Кремонезе, бидејќи за него и неговите најблиски било екстремно тешко да се навикнат на новите услови.
Варди како човек кој има четири биолошки деца со Ребека и како очув на две деца од претходниот брак на сопругата, вели дека се чувствува виновен поради тоа што им нанел таков шок на сите најблиски, па времето минато во Италија го оцени како вистинско страдање.
– Се чувствувам многу убаво и среќно што се вративме дома. Да бидам искрен, децата се вратија многу порано. Цела сезона беше вистинска борба и страдање за нас. Преселбата со цело семејство ни падна многу тешко и навистина ова беше тешка година за сите, – изјави Варди, кој нема баш добро искуство и од тренинг методите во Италија.
– Правејќи споредба со Англија, во Италија се игра многу побавен фудбал, иако се тренира многу напорно. Тренингот се сведува на една работа. Трчање, трчање и само трчање. Кога ќе дојде време за натпревар, вие немате сила. Едноставно немате што да понудите на теренот. Ова не важи само за мене, туку за многу играчи од повеќе тимови. Исто така, не ми се допаѓа какво големо значење добива спортскиот директор. Тој има право на збор за се и тоа за мене беше ментално лошо, – признава Варди.







