Во Скопје се случиле два инциденти со физички напади и кражба во влезови од згради на подрачјето на Центар. Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
Вчера во 12:05 часот во СВР Скопје, Р.Д. (70) од Скопје пријавила дека на 06.06.2026 околу 21:30 часот во влез од зграда на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале.
При нападот едниот употребил тврд предмет и ѝ одзеле паричник со пари. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден во 16:30 часот во СВР Скопје, и А.П. (68) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички го нападнале, додека едно женско лице кое било со нив, му одзело пари од паричник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.







