Скопјанец со тешки телесни повреди донесен во болница, на Партизанска во него удрил велосипедист и избегал

Макфакс

07/06/2026

17:29

343

Големина на фонт

а а а

Во Скопје наставуваат инцидентите со велосипедисти, при што еден човек бил сериозно повреден откако бил удрен од велосипедист кој потоа избегал од местото на настанот. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Градската општа болница „8 Септември“, ноќеска пријавила во полиција дека кај нив бил донесен (Е.А.) од Скопје со тешки телесни повреди кои му биле нанесени откога во него удрил велосипедист на булеварот Партизански одреди во Скопје. Велосипедистот по ударот избегал.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.