Енрике Рикелме ја запали шпанската спортска јавност со објавата дека Ерлинг Халанд е негов „втор ас во ракавот“, односно играч кој со сигурност ќе го засили Реал Мадрид доколку тој победи на претседателските избори.
Претседателската кампања влегува во самата завршница и двајцата кандидати издвоија имиња кои ќе бидат лидери на новиот проект, а додека Флорентино Перез се задржа на Жозе Мурињо и Конате, неговиот помлад колега ги издвои имињата на Родри и Халанд од Манчестер Сити.
Именувањето на Халанд предизвика вистински потрес во јавноста, па многу брзо пристигна реакција од Манчестер Сити, но и од таткото на фудаблерот.
Алфи Халанд ги демантираше информациите и нагласи дека станува збор за „фудбалска патка“, односно се работи за вест која не содржи никаква вистина, но далеку поостри беа од клубот.
– Приказните што се појавија од Шпанија во врска со иднината на Ерлинг Халанд се невистинити. Нема шанси за реализирање на такво сценарио и нема клаузула според која може да си замине. Размислуваме за покренување на правни мерки поради неправилно користење на имиџ-правата на нашиот играч во овој контекст, – порачаа од Манчестер.







