Душан Влаховиќ става крај на својата четири иполгодишна етапа во Јувентус, откако вчера и дефинитивно се стави крај на преговорите кои траеја со месеци.
Двете страни имаа желба да пронајдат средина и да се договорат за нова соработка, но клубот на крајот процени дека не може да ги прифати финансиските услови на Србинот, особено не по сезона во која тимот не избори пласман во Лигата на шампиони.
Иако Влаховиќ прифатил да ја намали фиксната плата од 22 на 12 милиони евра по сезона, високите бонуси и големата провизија се покажале како непремостлива пречка за клубот, па така на крајот двете страни неуспешно ги завршија преговорија.
Влаховиќ станува слободен агент и може да преговара за трансфер со било кој клуб, но Џорџо Кјелини како директор на Јувентус вели дека италијанските клубови имаат мали шанси да ги обезбедат неговите услуги, пред се поради големите финансиски барања.
– Тажен сум што преговорите завршија така какошто завршија. Влаховиќ се грижеше за Јувентус до последен момент. Тој е сериозен професионалец, но со овие бројки, сигурен сум дека нема да остане во Италија. Фер и легитимно е да бара поинаков вид на плата, но не верувам дека тоа ќе го добие во Италија, – вели Кјелини.







