Коболи оствари успех на кариерата, па откри лудо суеверие од Париз: Го користам тушот на Надал!

Дерби

04/06/2026

11:13

205

Големина на фонт

а а а

Флавио Коболи го оствари најголемиот успех во кариерата и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, резултат кој е најдобар за него на било кој грен слем турнир на кој има заиграно.

Италијанскиот тенисер го доби Феликс Оже-Алијасим со пресврт и со 3:1 си закажа пресметка со сонародникот Арналди, но Коболи стана посебен хит во Париз поради изјавата која ја даде на прес-конференцијата.

Како човек кој верува во натприродни сили и суеверија, самиот Коболи призна дека овие две недели практикува низа луди работи, но најоткачената е поврзана за тушот кој го бира во тренинг комплексот.

– Имам повеќе навики поради суеверие, но не сум луд. Сепак, оваа недела сум малку полуд од обично. Одам во истиот ресторан, го отворам истото мени, а го користам и истиот туш.

– Може го имам кажано ова и претходно, но го користам истиот туш кој го користеше и Надал. Се имав обидено да му го „украдам“ и порано додека тој беше активен. Еднаш се туширав и тој ми тропна на врата, ми порача дека морам да побрзам и дека тоа е неговиот туш веќе 14 години. Според мене, најдобро е да продолжам да се туширам во таа кабина, иако станува збор за најголемото празноверие во овој период, – изјави Коболи.