[ФОТО/ВИДЕО] Белo чоколадо, лимон и симболика: Мадрид подготви десерт во чест на папата Лав

Точка

03/06/2026

21:44

129

Големина на фонт

а а а

Мадрид се подготвува за историската посета на папата Лав XIV на Шпанија, а по тој повод главниот град на земјата претстави и посебен десерт наречен „Cor Unum“.

Овој десерт е осмислен како симбол на добредојде за поглаварот на Католичката црква за време на неговата апостолска посета на Шпанија од 6 до 12 јуни 2026 година.


Десертот го креирале мадридски мајстори слаткари во соработка со регионалните власти, а инспирацијата ја пронашле во вредностите на заедништвото, братството и солидарноста, кои папата Лав XIV често ги истакнува во своите пораки.

Името „Cor Unum“ го симболизира единството на луѓето без оглед на нивните разлики, што е една од централните теми на посетата на папата.

Десертот се состои од два слоја ронливо тесто, меѓу кои има крем од лимон и домашен џем од јагоди. Покриен е со бело чоколадо украсено со жолти детали што потсетуваат на боите на Ватикан, додека на врвот има мало знаменце на Светата Столица.


За време на престојот во Шпанија, папата Лав XIV ќе ги посети Мадрид, Барселона и Канарските Острови. Во Мадрид ќе се сретне со кралското семејство, политичките лидери, младите и претставниците на граѓанското општество, а ќе предводи и голема миса и процесија за празникот Телово.