Моника Белучи откри зошто нејзините ќерки не сакаат да глумат со неа

Кармин

28/05/2026

18:30

389

Големина на фонт

а а а

Како што открила во разговор за магазинот „Marie Claire“, 61-годишната Италијанка внимателно ги следи првите чекори на своите ќерки во филмот и театарот.

Дева (21) и Леони (16) сè посериозно се пробиваат во индустријата, но заеднички семеен проект во моментов не е опција.


„Тие ми даваат совети“

Иако Моника би сакала да застане пред камерите со своите наследнички, свесна е дека тие сакаат да го градат сопствениот пат без сенката на мајка им. За тој однос проговорила многу отворено.


„Би сакала да глумам со моите ќерки. Но мислам дека тие не сакаат да глумат со мене. Денес тие се тие што ми даваат совети“, открила актерката, а за нивната неподготвеност за заедничка работа пред камерите кратко и јасно додала: „Имаат право.“


Враќање во Кан

Белучи оваа година се врати на Канскиот филмскиот фестивал по седум години отсуство.


Таму го претстави трилерот „Histoires de la nuit“, во кој глуми заедно со Беноа Мажимел, толкувајќи повлечена сликарка во француската покраина От Виен (Haute-Vienne).


На годинашниот фестивал по црвениот килим прошета и нејзиниот поранешен сопруг Венсан Касел, од кого се развела во 2013 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk