Косовските власти ја презедоа контролата врз железничката станица во Звечан, отстранета таблата на кирилица

Макфакс

28/05/2026

11:50

304

Големина на фонт

а а а

Косовските власти утрово ја презедоа контролата врз железничката станица во Звечан, отстранувајќи ја таблата на кирилица и заменувајќи ја со табла на латиница, додека исто така беше истакнато косовско знаме, во пресрет на предизборната кампања за парламентарните избори.

Со присуство на повеќе министри во технички мандат и со асистенција на полицијата од регионот Север, косовските власти утрово ги презедоа просториите на железничката станица во Звечан, во близина на комплексот „Трепча“.

Притоа, од објектот беше отстранета таблата на кирилица и беше поставена нова на латиница, како и косовско знаме – и сето тоа на првиот ден од официјалната предизборна кампања за вонредните парламентарни избори во Косово.

Железничките простории на станицата во Звечан беа заземени утрово околу осум часот во акција на косовските власти во технички мандат, со асистенција на Косовската полиција – регион Север.

На лице место беа вршителите на должност министри во косовската влада, меѓу кои Џељаљ Свечља, в.д. министер за внатрешни работи, Артане Ризваноли, в.д. министерка за економија, како и Димал Баша. За време на акцијата беше отстранета кириличната табла од објектот, а беше поставена нова, испишана на латиница. На објектот беше истакнато и косовското знаме.