Вработен во автосервис во Струга присвоил службено возило

Макфакс

28/05/2026

11:30

153

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Струга поднесе кривична пријава за 36-годишен вработен во автосервис, кој неовластено присвоил службено возило откако одбил да го врати по истекот на полномошното за користење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишниот Р.Б. од Струга под сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот се товари дека на 28 декември минатата година неовластено присвоил патничко моторно возило.

Автомобилот бил во сопственост на струшки автосервис каде што Р.Б. бил вработен. Тој претходно имал полномошно од сопственикот на сервисот за привремено користење на возилото за службени потреби, по што одбил да го врати и го присвоил, со што постапил спротивно на член 239 од Кривичниот законик.