Променливо облачно со сончеви периоди со температури до 32 степени

Макфакс

28/05/2026

08:20

165

Големина на фонт

а а а

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во форма на локално невреме.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.