Трамп: Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух

Макфакс

28/05/2026

08:20

609

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп изјави дека Оман ќе мора да се однесува како сите други околу Ормускиот теснец, предупредувајќи дека ако не го стори тоа, ќе мора да преземат екстремни мерки. Трамп не прифаќа договор за заедничка контрола меѓу Иран и Оман за теснецот, потсетувајќи дека тоа се меѓународни води.

Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух, изјави денес претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, коментирајќи ги извештаите дека Иран и Оман постигнале договор за заедничка контрола на Ормускиот теснец.

Теснецот ќе биде отворен за сите. Никој нема да го контролира. Ние ќе го следиме. Но, никој нема да го контролира“, рече Трамп и додаде дека нема да прифати договор меѓу Иран и Оман за заедничка контрола на Ормускиот теснец како дел од мировниот договор.

Американскиот претседател рече дека „тие би сакале да го контролираат“ и нагласува дека теснецот е дел од меѓународните води и дека „Оман ќе се однесува како сите други“.

„Или ќе мора да ги дигнеме во воздух, тие го разбираат тоа, ќе бидат во ред“, рече Трамп.