[ФОТО] Мистичната пирамида на северот од Европа: Градбата среде шума која настанала од неопислива тага

Точка

27/05/2026

13:00

585

Големина на фонт

а а а

Гранитната пирамида на принцот Алберт ја подигнала кралицата Викторија по смртта на нејзиниот сакан сопруг, што е потврдено од посветата во основата...

Длабоко во шумите на Балморал, шкотскиот кралски имот обожаван од британската кралица Викторија, лежат 11 камени споменици и голема гранитна пирамида. Расфрлани безгрижно на огромен имот меѓу зимзелени дрвја, тие привлекуваат посетители на Националниот парк Кернгормс и Абердиншир.


Покрај мистичните споменици, таму ве очекува и кралската летна резиденција со 167 соби, сала за бал, двор со штали, градина и лавиринт. На поширокиот имот има куќи, хидроцентрала, ловишта за елени и еребици и терен за голф.

Како и зошто се создадени камените споменици, пишува Би-Би-Си:

„Според Евен Камерон, професор по шкотска историја на Универзитетот во Единбург, повеќето биле нарачани од кралицата Викторија за да се одбележат значајни настани во животот на нејзиното семејство, вклучувајќи ги и браковите на нејзините девет деца. Спомениците посветени на принцот Алберт Едвард, принцезата Алис, принцот Артур и принцезата Беатрис, меѓу другите, формираат семејна мапа на пошумените ридови.“


Најпознатиот споменик е гранитната пирамида на принцот Алберт, која ја подигнала кралицата Викторија во 1862 година по смртта на нејзиниот сакан сопруг, што го потврдува и посветата во основата. Со димензии од 12,5 x 12,5 метри, спектакуларната пирамидална скулптура не е нешто што некој би очекувал да го најде таму. Смртта на принцот силно ја погодил Викторија, па таа носела црно до крајот на својот живот и тагувала по него.

Што да се види, кога да се дојде?

Сите 11 споменици на имотот Балморал, вклучувајќи ја и пирамидата на принцот Алберт, се достапни само пеш, затоа не заборавајте да носите удобни чевли и поради променливата шкотска клима. Замокот и имотот се затворени за јавноста кога кралското семејство е во резиденција (обично во август).


Влезот во непосредната област околу замокот Балморал бара билет, но поширокиот имот е достапен бесплатно преку патишта и шумски патеки. На страницата „Прошетка низ висорамнините“ можете да најдете едноставна мапа со упатства за пронаоѓање на камените споменици што ќе ви помогнат да се снајдете.