Инфлуенсерка со објавата предизвикала гнев кај следбениците: „Луј Витон кутија за накит е подобра од деца“

Кармин

26/05/2026

16:56

535

Големина на фонт

а а а

Австралиската инфлуенсерка Ел Фергусон се најде во центарот на вниманието и на бројни расправи, откако на социјалните мрежи споделила објава што предизвика поделени реакции во јавноста.

Имено, во видео снимено за време на посетата на бутикот Луј Витон, 41-годишната инфлуенсерка позирала со дизајнерска кутија за накит во форма на школка, чија вредност се проценува на околу 23.600 долари. Станува збор за луксузно парче со препознатливиот монограм на брендот, златни детали и внатрешност обложена со микрофибер.

Во објавата напишала: „Тукушто видов некој од средно училиште како објавува фотографија со три деца со опис: ’Што може да биде подобро од ова?‘. Со должна почит, кутија за накит од Луј Витон во форма на школка од 23.600 долари“.


Додала и кратка напомена: „Сфатете го ова со доза хумор“.

Објавата многу брзо предизвикала бројни реакции. Дел од корисниците го критикувале нејзиниот став, сметајќи го за невкусен и претеран.

„Се надевам дека се шегуваш“, „Децата сепак се подобри од кичеста кутија за накит од Луј Витон“, „Таа кутија никогаш нема да ти каже: Мамо, те сакам најмногу на светот“, се само дел од коментарите.


Сепак, има и такви кои ја поддржале и ја сфатиле објавата како шега: „Имам три деца и целосно си во право“.

Ел Фергусон и претходно предизвикувала бројни реакции поради своите модни избори. Последен пат вниманието на јавноста го привлекла со смело издание од брендот „Loewe“, кога во виолетов фустан со длабоко деколте позирала без градник, што исто така предизвикало бројни поделени реакции на социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk