Успешна акција на Кораб, спасен е планинар

Макфакс

23/05/2026

22:00

211

Големина на фонт

а а а

Во успешна акција на планинските служби и кризен центар, повреден планинар кај Кораб е спасен и пренесен во стабилна состојба до медицинска установа за понатамошен третман.

Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112.

По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен.

Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон селото Жужње каде бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и медицински третман.

– Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба, информира вечерва Центарот за управување со кризи.