Тепачка во светиниколско село: Приведени две лица, трето нападнало полицаец

Макфакс

23/05/2026

19:10

173

Големина на фонт

а а а

Во светиниколското село Горобинци избувна тепачка што резултираше со приведување на две лица, а трето лице нападна полицаец за време на интервенцијата. Министерството за внатрешни работи информира дека ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот.

Три лица завршија во полициска станица по инцидент што се случил во светиниколското село Горобинци, каде најпрво дошло до физичка пресметка, а потоа бил нападнат и полициски службеник.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 мај 2026 година околу 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги привеле О.Н.(57) и Б.Ц.(58), двајцата од село Горобинци, поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

За време на преземањето мерки за нивно приведување, Ж.М.(48) од истото село физички нападнал полицаиски службеник, по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.