Ѓорѓиевски се сретна со Мицкоски и се пофали: Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и својата татковина

Макфакс

23/05/2026

18:40

171

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се сретнаа за да разговараат за капитални проекти кои ќе донесат развојна преродба на главниот град. Ѓорѓиевски ја истакна важноста на конкретни дела како израз на љубов кон градот и татковината.

Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имаа средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка.

Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје.

Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и својата татковина. Скопје заслужува многу. Скопје добива нова енергија, нова динамика и нова перспектива. Продолжуваме со уште посилно темпо – порача Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук