[ФОТО] Внуката на принцезата Дијана ги засенила сите во Кан: Се појавила во фустан кој чини вистинско богатство

Точка

23/05/2026

19:54

439

Големина на фонт

а а а

Лејди Амелија Спенсер, внуката на принцезата Дијана, привлекла големо внимание на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал, појавувајќи се во блескав фустан кој ги спојува префинетата сензуалност, гламурот и раскошната изработка.

33-годишна Амелија пристигнала на фестивалот во друштво на својата сестра близначка, лејди Елиза Спенсер, а за свечената вечер избрала фустан од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, чија вредност се проценува на околу 15 илјади фунти.


Фустан што не може да помине незабележано

Амелија носела припиен фустан во нежна „нуд“ нијанса со розов поттон, целосно прекриен со светки, мониста и геометриски детали. Моделот ја следел линијата на телото, се спуштал до подот и создал ефект на блескава втора кожа.



Фустанот со висока, скулптурална јака имал полупроѕирен впечаток, а раскошната изработка го направи едно од оние изданија на црвениот килим на кои не им се потребни многу додатоци. Затоа Амелија го надополнила стајлингот со дискретни дијамантски обетки со потпис на Сахаг Арсланиан.



Со косата собрана во мазна пунџа дополнително ги истакнала лицето и линијата на фустанот, додека шминката била во гламурозен, но класичен тон: „зачадени“ очи, нуд кармин и уреден маникир во валкано бела нијанса.