[ВИДЕО] „Ние сме со Вучиќ“: Во Куманово луѓе се собраа за да го поддржат српскиот претседател, вееја српски и македонски знамиња

A1ON.MK

23/05/2026

15:03

436

Големина на фонт

а а а

Граѓани од Македонија се одзваа на повикот за собир во Куманово од каде на пладне беше упатена поддршка поддршка за претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тие од плоштадот со знамиња на Македонија и Србија се упатија српскиот конзулат во Куманово, од каде ја упатија поддршката за мир и слога.

Организатор на настанот беше Здружението : „Мир, слога и стабилност“.

„Оваа иницијатива произлегува од желбите на граѓаните јавно и достоинствено да ја изразат својата поддршка и почит кон политиките на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ кој придинесува за мир, слога, стабилност, соработка зачувување на традиционалните вредности и зацврстување на пријателските и братски врски во регионот.

Организатор на овој јавен собир е Здружението на граѓани Мир слога стабилност од Скопје, а кон иницијативата се приклучуваат и други граѓански здруженија и граѓани кои се поддржувачи на политиката и делото на господинот Александар Вучиќ. Најважно е настанот да помине достоинствено, мирно во позитивна атмосфера и најважно од се да испратиме порака за поддршка почитување, мир, слога, стабиност и пријателство, изјави вчера Маја Денковска, претседателка на Здружението-организатор на настанот.