[ВИДЕО] Никој не ја прави пилешката супа како Италијанците: 1 чинија го закрепнува целото тело

Точка

21/05/2026

15:07

959

Големина на фонт

а а а

Италијанската пилешка супа е ручек што ќе посакате да го направите штом ќе го прочитате овој рецепт.

Италијанците ја прават најдобрата „храна за утеха“ на која никој во светот не може да ѝ одолее. Овие намирници вклучуваат тестенини со многу свежи состојки, но и супи. Една од тие традиционални италијански супи е пилешката, што е сосема различна од нашата.

Состојки:

Вода;
2 пилешки копанчиња;             
2 моркови, ситно исечкани;
1 ⁄2 кромид, исечкан на коцки;
1 стебленце целер со листови;
1 ловоров лист;
1 домат, исечкан на коцки.

Потребно за ќофтиња:

Половина килограм мелено говедско месо;
1 ⁄2 чаша презла;
1 јајце;
една шака сечкан магдонос;
1 чешне лук, исцеден низ преса;
Сол и бибер.

Дополнителни состојки:

1 ⁄2 чаша орзо;
Една шака свеж спанаќ;
1 ⁄3 чаша рендан пармезан;
Маслиново масло, за завршна обработка.

Подготовка:

Истурете вода во тенџерето, додадете ги пилешките батаци и оставете сè да се готви околу 2 часа.

Извадете го месото од супата, исчистете го од коските и исечкајте го.

Додајте го исечканиот зеленчук и вратете го месото во тенџерето.

Додајте ги ловоровите листови и орзото и гответе околу 8 минути.

Во меѓувреме, направете мали ќофтиња и ставете ги во супата и оставете ги да крчкаат околу 10 минути.

Пред крајот, додадете спанаќ и магдонос и измешајте сè.

Сервирајте топло, ставете малку пармезан и маслиново масло одозгора.

На здравје!