Во селото Скудриње 67-годишен маж загина откако управувајќи трактор со приколка изгубил контрола и се превртел. По наредба на јавен обвинител се извршува обдукција на телото.
67-годишен маж бил пронајден починат вчера во селото Скудриње.
Според Министерството за внатрешни работи, се работи за М.С. од истото село, кој управувал трактор со приколка на местото викано „Мустана нива“, кога изгубил контрола над возилото и се превртел.
Од здобиените повреди, тој починал на лице место, а смртта ја констатирал лекар на терен.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.







