Во април годинава се забележува значителен годишен раст на вкупните депозити и кредитна поддршка, соопшти Народната банка, при што депозитите на домаќинствата и кредитите на корпоративниот сектор имаат најголем удел во овој раст.
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор, велат од Народната банка.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.







