ЗНАМ се распаѓа, Левица ја презема нивната улога, велат од СДСМ

Макфакс

18/05/2026

20:20

183

Големина на фонт

а а а

Статијата информира за распадот на партијата ЗНАМ и за преземањето на нејзината улога од страна на Левица, како и критиките од СДСМ кон Левица и ВМРО поради нивните политички ставови и активности.

ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ, истакнуваат од СДСМ.

„Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач“ на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица.

Партија креирана токму за вакви потреби.

Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ.

Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се за НАТО.

Руска партија во земја во која САД се стратешки партнер“.

Од СДСМ прашуваат за што служи оваа партија.

„За ништо, единствената улога на Левица е да ја напаѓа СДСМ кога криминалната влада на ВМРО нема одговори за Реформската агенда.

Кога останаа уште само 13 дена до ветувањето на Мицкоски дека ќе ги исполни сите 10 точки од реформите.

Ето за тоа служи Левица и за ништо друго.

Граѓаните јасно гледаат: секој пат кога ВМРО заглави со реформите и со ЕУ-патот, се активира некој нов „спијач“ за дефокус и напади врз СДСМ.

Доста е со проектите и лажните партии“.

Граѓаните, додаваат од таму, сакаат реформи, правда и Европа.

„Реформи сега.

Малцинства во Уставот сега.

Европа сега“.