Основното јавно обвинителство во Битола спроведува истрага во случајот на убиството во населбата Баир. Наредена е обдукција, а собраните траги и материјални докази ќе бидат вештачени за утврдување на околностите на настанот. Осомничениот е лишен од слобода, а јавноста наскоро ќе добие дополнителни информации.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот.
Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, велат од ЈОРСМ.
Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира јавноста.







