dm и „Матрона“ организираат бесплатен едукативен и интерактивен настан за идни родители во Битола

Точка

14/05/2026

11:10

113

Големина на фонт

а а а

Темата е особено значајна за идните родители, бидејќи навремената едукација и пристапот до проверени информации можат да придонесат за поголема сигурност, подобра подготовка и полесно справување со промените што ги носи доаѓањето на новиот член во семејството.

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна едукативна средба на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“, наменета за идни родители и за сите заинтересирани. Настанот ќе се одржи на 20 мај, во периодот од 17.30 до 19.30 часот, во хотелот „Милениум Палас“ на Широк Сокак 4б во Битола. Местата се ограничени, а сите заинтересирани можат да се пријават на е-mail адресата info@matrona.org.mk.

Предавањето ќе го одржат прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и дипломираната акушерка Гордана Палашовска, кои преку оваа едукативна интерактивна средба ќе споделат стручни насоки и практични совети поврзани со периодот на бременост, подготовката за породување и првите денови од грижата за новороденчето. Учесниците ќе имаат можност да добијат корисни информации за најважните аспекти на пренаталната едукација, потребите на мајката и бебето по породувањето, како и за грижата, адаптацијата и поддршката во најраниот период од родителството.


Темата е особено значајна за идните родители, бидејќи навремената едукација и пристапот до проверени информации можат да придонесат за поголема сигурност, подобра подготовка и полесно справување со промените што ги носи доаѓањето на новиот член во семејството. Оваа едукативна средба е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат поддршка, едукација и охрабрување за мајките и идните родители. По успешната измината година, во која беа реализирани 11 онлајн обуки, караванот продолжува да создава простор за размена на знаења, искуства и корисни информации, како и средина во која родителите се чувствуваат разбрани и поддржани.

Годинешното издание на „Караванот на мајчинство“ започна со онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, продолжи со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, одржана на 23 март, како и со обуката „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“, одржана на 22 април. Со новиот настан во Битола, иницијативата излегува од онлајн форматот и овозможува директна едукативна средба со стручни лица, посветена на теми што се важни за секојдневието на современите семејства.

Од dm посочуваат дека целта на оваа иницијатива е да им овозможи на мајките, идните родители и семејствата пристап до релевантни информации, проверени стручни лица и практична поддршка во различни фази од родителството.