[ВИДЕО] Реакцијата на Рубио на таванот во Пекинг стана хит на интернет

Макфакс

14/05/2026

08:10

596

Големина на фонт

а а а

Американскиот сенатор Марко Рубио го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи со својата реакција кон таванот во Големата народна сала во Пекинг, пред средбата со кинеските претставници.

Во пресрет на состанокот меѓу претседателите на САД и Кина, американскиот државен секретар Марко Рубио застана да се загледа со восхит кон таванот на салата за состаноци во Големата народна сала во Пекинг.

Снимката од моментот предизвика низа реакции на социјалните медиуми.

Видеото, кое брзо стана вирално на платформата X и кинеските социјални медиуми, го прикажува Рубио како гледа кон таванот, покажувајќи со прст кон него додека разговара со министерот за одбрана Пит Хегсет. Корисниците со ентузијазам коментираа за неговата реакција, а некои ја истакнуваа иронијата што Рубио технички е под кинески санкции.