Поради технички зафати во електричната мрежа, денеска делови од општините Гази Баба и Ѓорче Петров ќе останат без струја во текот на утринските и претпладневните часови.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.00 часот, дел од корисниците на улицата Благоја Стефковски и дел од булеварот Александар Македонски, Гази Баба;
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на улицата 95 Волково, Ѓорче Петров.







