Дел од Карпош денеска без вода

Макфакс

14/05/2026

06:52

167

Големина на фонт

а а а

Во општина Карпош се очекува прекин на <b>водоснабдувањето</b> на неколку улици поради дефект на главен приклучок. Надлежните служби веќе работат на решавање на проблемот и нормализација на снабдувањето.

РЦУК Скопје известува дека поради дефект на затворач ф-300 мм на улицата Женевска бб (последна 24-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхломска, Гаврил Лесновски и дел од булеварот Партизански Одреди (потегот од мост ОН до Московска).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.