Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин

Макфакс

13/05/2026

11:50

174

Големина на фонт

а а а

Жена од Црна Гора која работела на бродот „MV Hondius“ била ставена во карантин во Холандија по пристигнувањето во Тенерифе поради сомневање за хантавирус, иако првите тестови биле негативни. Таа е во добра здравствена состојба и ќе остане под здравствен надзор според мерките на безбедност.

Црногорска државјанка која била член на екипажот на бродот „MV Hondius“,  по пристигнувањето на Тенерифе била префрлена во карантин во Холандија поради сомнежи за хантавирус.

Епидемиологот Марија Божовиќ изјави дека жената моментално е во добра состојба и нема симптоми.

„Таа нѐ извести дека се чувствува добро и досега нема никакви знаци на болеста“, рече Божовиќ, пренесува „Б92“.

Таа додаде дека при транспортот биле спроведени строги превентивни мерки и дека немало контакт со други лица.

Според докторката, црногорската државјанка била тестирана веднаш по слетувањето во Холандија и резултатот бил негативен на хантавирус.

Сепак, ќе остане во изолација шест недели и ќе биде под здравствен надзор, бидејќи кај неколку патници без симптоми бил регистриран вирусот.