Компанијата ЕВН Македонија АД соопшти дека денеска ќе има прекин на електричното снабдување во делови од општина Чаир поради зафати во дистрибутивната мрежа, што ќе влијае на корисниците од одредени улици во Стара Чаршија.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07.30 до 13.30 часот, дел од корисниците од Стара Чаршија односно улицата Покриена Чаршија и улицата Самарџиска, општина Чаир.







