Во сообраќајка загина 56-годишен маж: Пoдлегнал на повредите во штипската болница

Макфакс

12/05/2026

14:07

174

Големина на фонт

а а а

Во регионалниот пат кај селото Ратавица се случи сериозна сообраќајна несреќа каде што животот го загуби 56-годишен маж од Кочани. Инцидентот вклучуваше два патнички автомобили, а повредени се уште две лица кои се пренесени во болница. Полицијата изврши увид за утврдување на причините за несреќата.

Синоќа во 21:28 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите.

Лекар констатирал смрт.

Кај неговиот сопатник С.С. и возачот на патничкото возило „пежо“ се констатирани телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.