Во Скопје вчера рано наутро се случила сообраќајна несреќа во која пешак бил тешко повреден откако бил удрен од патничко возило на раскрсница во градот. Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му е дадена потребната медицинска помош. Полицијата ја презела увидната постапка за утврдување на околностите поврзани со несреќата.
Вчера околу 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Бранко Заревски“ и ул. „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.М.(58) од Скопје, удрило во пешакот Ј.М.(79) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.







