Започна најголемата НАТО вежба за специјални единици „Trojan Footprint 26“ на полигон „Криволак“

Макфакс

11/05/2026

16:17

165

Големина на фонт

а а а

На армискиот полигон „Криволак“ започна „Trojan Footprint 26“, која е најобемната воена NATO вежба за специјални сили во Европа. Вежбата вклучува над 3.000 специјалци од сојузнички и партнерски земји со цел зајакнување на меѓусебната соработка и подготовка за комбинирани операции. Република Македонија и нејзиниот баталјон „Волци“ учествуваат и на активности во Грција со цел реоценување според НАТО стандарди.

На армискиот полигон „Криволак“ денес официјално стартуваа активностите на меѓународната воена вежба „Trojan Footprint 26“, која претставува најголемата НАТО вежба за специјални единици во Европа. Овој настан ќе трае од 11 до 22 мај 2026 година и ќе се одржува на различни локации низ целиот континент.

Покрај припадниците од Армијата, во рамки на активностите на „Криволак“ учествуваат и специјалци од вооружените сили на САД, Велика Британија и Швајцарија.

На „Trojan Footprint 26“ се вклучени над 3.000 членови од специјалните сили на НАТО сојузничките и партнерските земји, кои имаат за цел да ja подобрат соработката, интероперабилноста и капацитетите за координирано делување.

Баталјонот за специјални сили „Волци“ учествува со два одреда и во Грција, каде ќе се спроведат реоценувања на тимовите според NATO SOFEVAL стандардите.