Стојчевски: Врв на лицемерие е повикот на Христијан Мицкоски младите да не се иселуваат

Макфакс

11/05/2026

10:34

127

Големина на фонт

а а а

Трајче Стојчевски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, изнесе остра критика за политиките на Владата и лидерот Христијан Мицкоски кои, според него, предизвикуваат масовно иселување на младите. Тој нагласи дека апелите младите да останат се лицемерни во услови на корупција, сиромаштија и запрен европски интегративен процес. Стојчевски потенцира дека владините мерки се недостаточни за поддршка на младите и дека земјата се соочува со сериозни економски предизвици, што уште повеќе ја намалува перспективата за младите категории на население.

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, изнесе критики дека младите луѓе масовно ги напуштаат домовите поради политиките на владата и лидерот Христијан Мицкоски.

Тој оцени дека е крајно несериозно да се повикуваат младите да останат во државата, додека во исто време се соочуваме со корупција, растечка сиромаштија и запрен пат кон Европската Унија.

„Со намерното блокирање на членството во ЕУ, најголемиот удар го трпат младите генерации. Наместо да добијат можност за европска интеграција и вредности, Мицкоски ни порача дека е подготвен Европа да ни биде далечна децении. Толку долго да застанеме, да се изолираме и да бидеме заложници. Ни нудат празни ветувања и лажно патриотско говорење, додека државата ја управуваат политичари со бугарски пасоши. Во време на криза, Владата на ВМРО не презеде ниту една конкретна мерка за поддршка на младите, не ја зголеми минималната плата и не понуди помош против растечките цени. Дури уведе данок и за студенти кои заработувале во странство“, истакна Стојчевски.

Тој додаде дека Владата не реагирала со мерки за подобрување на економскиот стандард на младите и не презела чекори за справување со инфлацијата, а се задолжува со нови 2,3 милијарди евра.

Стојчевски предупреди дека младите си заминуваат поради отсуство на перспектива, а на претстојните избори ќе бидат ставени пред избор меѓу „иднина со СДСМ“ или „изолација под ВМРО“.