Делегацијата на Гаши ја зајакнува парламентарната соработка во Берн

Макфакс

11/05/2026

10:06

113

Големина на фонт

а а а

Претседателот на собранието Африм Гаши предводи парламентарна делегација во работна посета на Берн, каде ќе се одржат билатерални средби и работни сесии посветени на парламентарната етика. Посетата, која се одвива со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и НДИ, има за цел унапредување на интегритетот и стандардите во законодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, придружуван од парламентарна делегација составена од потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, како и координаторите Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на работната група за Етички кодекс Миле Лефков и генералната секретарка Марина Димовска, ќе оствари официјална работна посета на Берн, Швајцарија, во периодот од 11 до 14 мај 2026 година.

За време на престојот, делегацијата ќе има билатерални средби со претседателот на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација, Пјер Андре Паж, ќе се сретне со раководството на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), како и ќе учествува во работни сесии посветени на развојот на парламентарната етика и усогласување на Етичкиот кодекс за пратеници.

Оваа посета се реализира со поддршка од Амбасадата на Швајцарија и меѓународниот партнер НДИ, како дел од иницијативите за подобрување на интегритетот и стандардите во парламентот.