ВМРО-ОКГ се наоѓа во длабока криза по распадот на ЗНАМ и повлекувањето на неколку клучни членови, вклучувајќи го и градоначалникот Сотир Лукровски. Партијата е преплавена со сериозни внатрешни конфликти, поделби и обвиненија за корупција кои влијаат на нејзината стабилност. Повеќе функционери се откажуваат поради сомнителни активности поврзани со урбанистички проекти и финансиски злоупотреби.
По распадот на ЗНАМ и заминувањето на важни членови како претеникот Цеков и советничката од Прилеп, сега се бележи и сериозно нарушување во редовите на ВМРО-ОКГ, објавуваат од СДСМ.
„Структурите на Христијан Мицкоски се соочуваат со длабоки внатрешни конфликти, поделби поврзани со Никола Груевски, како и чистки во раководството, што подразбира отстранување на сите потпретседатели и заминување на градоначалникот Сотир Лукровски.
Јасно е дека Лукровски одбил да учествува во сомнителни шеми поврзани со урбанистички планови, легализации, градежни проекти и сомнителни финансиски трансфери кои ги промовира Мицкоски.
Расте свеста кај членовите дека биле вклучени и злоупотребени во систем на криминал и корупција, за што наскоро би можело да следи одговорност.
Дали бизнис проектот „Скопје на Вода“, модел на „Белград на вода“, ќе биде причина за нови скандали, јавноста наскоро ќе го дознае.
Сè повеќе членови и функционери, и во ЗНАМ и во ВМРО, стануваат свесни дека по падот на Орбан следат детални истраги за
политичко-криминални мрежи во регионот.
ЗНАМ, создаден како сателитска групација од поранешни членови на СДСМ, предводена од Максим Димитриевски и финансирана од Мицкоски, веќе се распаѓа, а сега слична ситуација се случува и во ВМРО-ОКГ“, порачаа од СДСМ.







