Хегсет ја обвинува Кели за лажни тврдења за американските залихи на муниција

Макфакс

11/05/2026

09:28

139

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди сенаторот Марк Кели за ширење на лажни информации поврзани со состојбите во американските залихи на муниција. Кели, кој е и познат критичар на администрацијата на Трамп, го крена гласот против владините потези и сега се соочува со последици поради своите ставови. Сепак, судовите го поддржуваат во одбрана на неговите уставни права, што ја надградува тензијата меѓу политичарите и извршната власт.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет остро реагираше на тврдењата на демократскиот сенатор и поранешен капетан на морнарицата Марк Кели дека американските воени залихи на муниција се речиси исцрпени.

„Капетанот Марк Кели повторно изнесе неточни информации“, напиша Хегсет на платформата Икс, обвинувајќи го сенаторот дека на телевизија открил доверливи детали од класифициран состанок во Пентагон, на кој личи присуствувал.

Кели важи за еден од најгласните критичари на администрацијата на Трамп, особено за отсуството на јасна стратегија за време на воздушните акции врз Иран, кои траеја од крајот на февруари до почетокот на април. Нивниот конфликт се прели и во судските институции, откако владата се обиде да го санкционира Кели за повиците да им се одбие послушност на „нелегални наредби“ поврзани со распоредувањето на Националната гарда и акциите против шверцерите на дрога.

Судовите, сепак, ја одбија оваа владина иницијатива, а Апелациониот суд во Вашингтон го критикуваше пристапот на администрацијата. Сенаторот и неговиот тим продолжуваат со тужбите против Пентагон, со образложение дека напорите за деградација и намалување на неговата пензија претставуваат директен напад врз слободата на говорот, заштитена со Првиот амандман на американскиот Устав.