[ФОТО/ВИДЕО] Сирачето нилски коњ, пронајдено покрај својата угината мајка, доби втора шанса за живот

Точка

06/05/2026

21:44

588

Големина на фонт

а а а

Бебето нилски коњ, кое очајнички се обидувало да ја разбуди својата мртва мајка во езеро во Кенија, доби втора шанса за живот откако беше спасено и сместено во специјализирано засолниште за диви животни.

Бебето, кое го доби името Бампи, било старо само неколку дена кога останало сираче, пренесува „Би-би-си“.


Локалните служби за заштита на дивиот свет соопштија дека акцијата за спасување била исклучително тешка и претставувала вистински „логистички предизвик“ бидејќи малечкото одбивало да се одвои од телото на мајката. Се претпоставува дека мајката починала од природна смрт или во територијална борба обидувајќи се да го заштити своето младенче.

Според состојбата на телото, таа била мртва повеќе од еден ден пред спасувачите да стигнат до локацијата.

По спасувањето, Бампи бил префрлен во засолништето „Калуку“, каде што за него се грижат чувари 24 часа дневно. Бидејќи на оваа возраст на нилските коњчиња им е неопходна близина и утеха, Бампи постојано е во придружба на својот негувател, дури и додека е во вода.



Ова малечко сега му се приклучува на уште еден млад нислски коњ кој веќе се наоѓа во засолништето, а крајната цел на организацијата е тие успешно да се вратат во своето природно живеалиште.