[ФОТО] Нереалниот изглед на Суданката која во 2025 година беше прогласена за модел на годината: Зад нејзиниот стајлинг на Мет Гала се крие моќна порака

Кармин

06/05/2026

12:44

659

Големина на фонт

а а а

Манекенката Анок Јаи, која потекнува од Судан, воодушеви со својот изглед на Мет Галата одржана во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк. Како инспирација ѝ послужила „Црната Мадона“.

Таа изрази желба за овој настан да соработува со креативниот директор на „Balenciaga“, Пјерпаоло Пичоли, и била воодушевена кога тој прифатил. Секако, настојувале креацијата да се вклопи во овогодинешната тема на Мет Гала „Модата е уметност“, но повеќе од тоа сакале да испратат порака.


На Инстаграм навела дека Пјерпаоло Пичоли по првата проба ѝ рекол дека ја замислува како Црна Мадона.

Понатаму навела дека не сака да изгледа како човечко суштество кога се појавува на црвениот тепих, туку како подвижна статуа.

„Веднаш ги замислив сликите на статуите што плачат од Сицилија. За нас ова не беше само изглед, ова беше порака на надеж, одраз на времето во кое живееме и приказ на тежината на носењето невидлива болка со грациозност во тешки времиња – особено во оваа ситуација“, навела таа.


„Во ситуацијата во која моментално живееме, потребна ни е надеж. Чувствувам дека Црната Мадона во светот на Трамп ќе ја испрати таа порака“, изјави таа за „Vogue“ додека се подготвувала за Мет Гала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk