Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Ибрахим Јумакли, домаќин на 5-тиот Меѓународен форум за води, кој се одржува во Истанбул.
„Разговорот беше насочен кон конкретни можности за унапредување на билатералната соработка, особено во делот на модернизација на системите за управување со води, јакнење на капацитетите и користење на современи пристапи во справувањето со климатските ризици. Беше нагласена и улогата на регионалните иницијативи како платформа за побрза размена на знаења и практични решенија“, соопшти Министерството.
Министрите се согласиле дека континуираниот дијалог и институционалното поврзување се клучни за постигнување видливи резултати, при што ја истакнале подготвеноста за продлабочување на соработката преку активности од заемен интерес.







