Себастијан Саве имал повисока цел на маратонот во Лондон: Не се сите Кенијци измамници

Точка

05/05/2026

16:56

507

Големина на фонт

а а а

Кениецот Себастијан Саве стана првиот човек во историјата на маратонот кому му успеа да ја совлада најтешката и најисцрпувачка атлетска дисциплина – патеката од 42 километри и 195 метри – за помалку од два часа. Неговото време од 1:59:30 го оствари пред десетина дена во Лондон. Интересно е што и второпласираниот Етиопјанец Јомиф Кејелча ја помина магичната граница, со резултат од 1:59:41.

Додека сè уште ги сумира впечатоците од својот неверојатен подвиг, Саве даде интервју за „Марка“, во кое го опиша чувството на гордост по историскиот успех.

„Пристигнувањето во Кенија и пречекот со водени топови од авион беше многу посебен и неочекуван момент. А повикот од Неговата Екселенција, претседателот на Кенија, на прием во владината зграда и појадок следното утро беше огромна чест. Не размислував дека ќе одам под два часа во Лондон, но верував дека можам да го соборам светскиот рекорд ако условите бидат вистински. Знам дека по ова мојот живот и животот на моето семејство нема да бидат исти …“, изјави новиот дијамант на „кралицата на спортовите“.

Поголема цел од личниот успех

Покрај личниот успех, Саве имал и една повисока, општествена цел во својата кариера – и токму на оваа трка успеал да ја оствари.

„Знаев дека по позитивниот допинг-тест на светската рекордерка во маратон, Рут Чепнгетич, луѓето може да ги доведат во прашање моите резултати ако постигнам нешто големо. Сакав да докажам дека јас и другите Кенијци можеме да постигнеме неверојатни резултати – и тоа чисто. Кенија и понатаму има, како што секогаш ќе има, огромен природен талент, а овие чисти спортисти заслужуваат да не се мешаат со измамниците кои користат допинг“, порача Саве.