Наместо ученици, во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави Јаневска по случајот во Ѓорче Петров

Макфакс

04/05/2026

21:28

153

Големина на фонт

а а а

Наместо ученици, отсега во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави министерката за образование Весна Јаневска.

„Информирам дека МОН испрати допис до сите училишта и општини со кој се задолжуваат повторно да се воведе праксата која постоеше во минатото – за време на големите и малите одмори да има дежурни наставници, наместо дежурни ученици“.

Оценува, како што вели, дека мерката ќе помогне во спречување инциденти и несоодветно однесување на учениците.

„Повторно потенцирам, за поефикасно справување со врсничкото насилство неопходна е и поддршка од сите општествени чинители, а најважно е семејството, родителите и старателите“.