2 во 1: Кинески теренец може да биде и чамец

Точка

04/05/2026

19:49

392

Големина на фонт

а а а

Кинескиот производител „Jetour“ претстави необична верзија на SUV моделот G700 која може да се движи и по вода, а демонстрацијата на езеро во близина на Пекинг привлече големо внимание.

Специјалната верзија наречена „Ark Edition“ користи модифициран plug-in хибриден погон, кој во вода ги придвижува пропелерите наместо тркалата.

SUV моделот е опремен и со жироскопски систем за стабилизација, кој му помага за време на пловењето.


Иако „Jetour“ наведува дека оваа функција е наменета пред сè за вонредни ситуации, како што се поплави, јасно е дека многу сопственици ќе сакаат да ја испробаат и од забава.

G700 по димензии е сличен на „Toyota Land Cruiser 300“, а стандардната верзија развива дури 762 КС (560 kW) и 795 Nm вртежен момент, со вкупен досег од 1400 километри со полн резервоар.


До 100 km/h забрзува за 4,6 секунди, а располага и со три блокади на диференцијалот за сериозно теренско возење.

SUV моделот користи „CATL“ батерија со капацитет од 31,4 kWh, која овозможува до 150 километри возење на струја, додека брзото полнење од 20 до 80 проценти трае само 10 минути.

„Jetour“ планира и извоз на моделот на глобалните пазари.