Мицкоски: Владата ќе направи сè идеалите на Гоце Делчев за самостојна Македонија да останат вечни

Макфакс

04/05/2026

12:58

194

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на Владата Александар Димовски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска од името на Владата оддадоа почит на Гоце Делчев по повод одбележувањето на неговиот помен.

Мицкоски изјави дека со овој чин Владата сака да покаже дека ќе направи сè за идеалите на Делчев, неговата борба за самостојна Македонија и за македонскиот народ, но и за сите граѓани што живеат во државата, да останат вечни.

Тој нагласи дека ликот и делото на Гоце Делчев треба да се пренесуваат на генерациите што доаѓаат, бидејќи, како што рече, вредностите во кои верувал македонскиот револуционер денес сè уште не се почитуваат од одредени земји членки на Европската Унија.

„Тој бил пред времето и како таков оставил неизбришлива трага во македонската историја и македонскиот идентитет“, изјави Мицкоски.

Премиерот порача дека и идните влади треба секоја година на овој ден да продолжат да оддаваат помен на ликот и делото на Гоце Делчев.