Трамп повлекува 5.000 американски војници од Германија

Макфакс

02/05/2026

09:29

402

Големина на фонт

а а а

Американското Министерство за одбрана ќе повлече 5.000 американски војници од Германија, по ескалацијата на спорот меѓу Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц околу војната со Иран.

Одлуката ја донел министерот за одбрана Пит Хегсет, а Пентагон соопшти дека повлекувањето треба да биде завршено во следните шест до дванаесет месеци.

Трамп деновиве јавно го нападна Мерц по неговите критики за американската стратегија кон Иран, а најави дека размислува и за повлекување американски сили од Италија и Шпанија.

Во Германија моментално се распоредени повеќе од 36.000 американски војници, што ја прави земјата најголема американска воена база во Европа.