Кремљ потврди: Фицо ќе присуствува на Парадата на победата во Москва

Макфакс

29/04/2026

18:28

183

Големина на фонт

а а а

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, следната недела ќе присуствува на Парадата на победата во Москва, потврди советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков.

Потврдата доаѓа откако словачки медиуми објавија дека Фицо планира патување во Русија за 9 Мај, но без присуство на самата воена парада.

Фицо и минатата година беше на парадата во Москва, и покрај предупредувањата од Брисел, а важи за еден од ретките европски лидери кои одржуваат потопли односи со Москва и по руската инвазија врз Украина.

Од Кремљ соопштија и дека годинашната парада ќе се одржи без воена техника, од безбедносни причини.