За темите за „Black cube“ им препорачуваме на СДС да престанат да одат во фабриките за марихуана во Струмица, тотално ги вадат од колосек. „Black cube“ е плод на наркоманското подземје во центарот за комуникации на СДС, раководено од син на поранешен функционер на СДС и нивен идеолошки гуру кој е способен за пар евра да создаде идеологија од обичен грабеж и предавство на својата земја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Во реакцијата се наведува дека „СДС штотуку на прес-конференција го призна постоењето на златната виза на Венко Филипче, истиот тој кој лицемерно и лажно бараше забрана за двојни пасоши“.
„Венко Филипче има рејтинг кој е статистичка грешка. Човекот е до гуша во криминали, што не се потребни никакви експерти да се види од месечината дека е криминоген. А и толку е небитен, што извори за неговата корупција се луѓето од неговиот најтесен круг. СДС се затечени од вистината за нивниот лидер, со панични прес-конференции и небулозни тврдења сакаат да избегнат од фактот дека нивниот лидер има втора матична држава. Зошто извадил таква виза и врз кој критериум му дале? Се потат лицата кои за плата држат пресови кај СДС, но тоа не ги амнестира од морална одговорност и нив. Најголем експерт за откривање на лажливци и корумпирани политичари е самиот народ. И тука Вардар не го пере Венко. Со цел да докаже поинаку, нека предложи СДС во законот измени да не може да е лидер на партија и пратеник и премиер, лице со златни визи од други држави“, пишува во реакцијата.







