Без вода денеска дел од Центар

Макфакс

29/04/2026

07:28

191

Големина на фонт

а а а

РЦУК Скопје известува дека денеска дека поради уличен дефект ф-80 мм на булеварот Партизански Одреди 18б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од булеварот Партизански Одреди (потегот кај пазар „Буњаковец“), дел од Дебарца, дел од Мирослав Крлежа, дел од Коле Неделковски, дел од Антоние Грубишиќ, Отон Жупанчиќ, Радњанска и ООУ „Коле Неделковски“, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.