Сончево време со облачност, попладне повремен дожд со можност за грмежи

Нетпрес

28/04/2026

07:35

1.634

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје, времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.


До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, предупреди УХМР.

В среда ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

В четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север, на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање.


В петок и во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.